Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Актуелно 24.
За време на млада месечина , наполнете чаша вода и оставете ја чашата на прозорецот додека не настапи полната месечина. Потоа треба да се измиете со оваа вода и да кажете: Како што месецот беше тенок и стана целосен, така и мојата љубов да ми биде секогаш комплетна. По некое време ќе забележите како работите тргнуваат на убаво.
За сопругот или дечко да не се задржува никаде, туку да се прибира директно дома, земете чаша, ставете во неа вода од чешмата во домот, поставете ја на прагот и кажете го неговото име и “твојата вода е тука”.
Кога се соблечете, прецизно ставете ја облека на закачалка, а не да биде неуредна каде ќе ви падне. Во фрлените предмети се кријат зли духови.
Избегнувајте да земата пари на заем тој ден, бидејќи цела година ќе живеете во долгови. Не јадете и не пијте пред огледало, ќе си ја изедете убавината и здравјето. Никогаш тој ден не седнувајте на местото на болен човек.