Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Креветчето ќе биде стабилно и лесно, но ќе може и да се блокира за поголема безбедност на бебето, а ќе вклучува и фиока за складирање работи.
Креветчето на наследникот на Новаќ Ѓоковиќ ќе биде идентично со она во кое спортистот спиел кога бил бебе. Со цел да бидат подготвени за приновата која доаѓа, прославениот спортист од позната фирма која се занимава со производство на бебешка опрема порачал креветче по своја желба.
Извор близок до идните родители до најситни детали го опишува креветчето во кое ќе ужива наследникот на Ноле.
„Нова и Јелена едвај чекаат нивниот син да дојде на свет. Толку се нестрпливи со што уште пред месец дена започнаа со подготовки за тој момент. Ноле порача едноставно дрвено креветче кое ќе биде идентично со она во кое тој спиел, како и неговите браќа Марко и Ѓорѓе. Креветчето ќе биде стабилно и лесно, ќе може да се блокира, а ќе има и фиока за складирање на работи“, раскажува изворот.
Тој додава:
„Креветчето е оградено, а една од страните е прилагодена да го следи растот на бебето. Ќе биде достапен од сите страни без додадени надградни мрежи. Ноле се грижи и за сонот на бебето, па порача и средно тврд душек“, завршува изворот.