Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Шило.
На социјалните мрежи се шири текст за лошото мелено месо кое наводно може да се најде во продажба.
Текстот наводно го напишал месар кој има 11-годишно искуство.
Ако може да му се верува на овој месар, дел од меленото месо кое се продава не би требало да го купувате.
- Фаширано месо - ВНИМАНИЕ!!! Јас сум месар 11 години, и со сигурност можам да кажам дека дел од месото кое го јадеме е рамно со леш од некое животно, кое со денови стои на пат. Знаев да направам така убаво мелено месо од месо старо еден месец, а се` благодарение на ладна вода, сол, шеќер и винобран... Затоа луѓе, ако месото е многу ситно фаширано, ако од надворешните страни е румено, а внатре темно и ако се прави пена кога го динстате, верувјате ми дека месото третирано на начин кој ви го кажав. Солта и ладната вода ја влечат смрдеата, шеќерот ја враќа бојата, а винобранот ја враќа свежината. Внимавајте што купувате и јадете... - напишал наводниот месар.