ТАЈНАТА за настанувањето на човекот се крие во Македонија!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Пулс 24.

Македонските научници и палеонтолози укажуваат дека на локалитетот Стамер кај Делчево, по сѐ судејќи се наоѓа тајната за настанувањето на човекот и алката од синџирот на еволуцијата која досега не е пронајден. На ова место беше откриена една праисториска масовна гробница на животни.

img
img

Фосилите од праисториските животни кои денес живеат само во Африка, се стари повеќе од 10.000 години и се пронајдени во близина на Делчево. Тука пред седум години беше пронајден и черепот на првата жирафа во Европа, остатоци од мастодонт и сабјести тигри, како и питеринска фауна.

На таа локација, минатата година во март беа откриени фосилни остатоци од праисториски носорг, стари и од три до пет милиони години. Последното ледено доба настапило пред околу две милиони години.

„Со откривањето на коските од носорогот се завршуваат научните истражувања за оваа година на локалитетот Стамер. Се надевам дека во наредниот период, нашата институција ќе добие повеќе пари за понатамошни истражувања“, изјави Ивица Здравков од Природно-научниот музеј на Република Македонија.

Праисториската гробница во близина на делчевското село Стамер, случајно во март пред осум години го открил рударскиот инженер Љубе Митевски, кога по ерозија на земјиштето на површината се појавиле коски од праисториски животни.

„Научна вистина е дека животните кои што сега ги среќаваме во Африка, водат потекло од нашите простори. Слична судбина доживеале и предците на човекот, па затоа со право очекуваме дека ќе пронајдеме и остатоци од прачовек од периодот на неговото оддалечување од човеколикиот мајмун“, верува Светозар Петковски од Природно-научниот музеј на Република Македонија.

Доколку се потврди дел од претпоставките на палеонтолозите, Стамер ќе биде претворен во македонски „јура парк“, кој ќе изобилува со остатоци на праисториски животни.

 
28 април 2015 - 10:54