Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Република.
Откако се вратија од празничниот одмор на Занзибар, Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас ги дочека голема тага.
Нивниот домашен миленик, кучето Фигаро, починало, а тоа многу тешко го поднеле сите дома.
Ти благодарам, драг мој Фигаро, за сите години од твоето пријателство и љубов. Многу ќе ми недостасуваш, убаво спиј, малечок – напиша Кетрин емотивна порака на својот Инстаграм профил простувајќи се од своето куче.
Овој удар за славното семејство дојде откако тие се вратија од одмор од Занзибар, каде Кетрин и Мајкл уживаа со двете деца.