СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Девојка отиде на одмор во Улцињ и почина

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот MKD News.

Дваесет и четири годишна девојка од Урошевац загина синоќа околу 20 часот од струен удар, додека се туширала во една куќа во центарот на Улцињ.

ulcinj_montenegro_img_2563
ulcinj_montenegro_img_2563

На лице место веднаш дошла екипа на брза помош, меѓутоа и покрај напорите на лекарите, на несреќната девојка и немало спас.

Таа во Улцињ дошла на летување, а полицијата ги испитува околностите за смртта. Според неофицијалните информации, причина за трагедијата е неисправната електроинсталација во куќата во која таа престојувала.

1 септември 2015 - 10:20