Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот NMD.
Со ставање на следната состојка на вашиот папок, вие ќе си помогнете за побрзо надминување на настинката, грипот, кашлицата, стомачните и менструалните болки-објавува alternativainformacije.com
Според алтернативците, ова е веројатно еден од најефикасните методи на народната медицина кога станува збор за олеснување на болките. Тоа е супер-едноставна постапка која не бара никакви посебни напори.
Се' што треба да направите е да потопите малку памук во некој 50% алкохол и тоа да го ставите врз папокот!
Ова домашно лекување ќе ви помогне во ослободување на болката и опуштање на целото тело.
Овој медот, исто така, често се користи при воспаление на мускулите, грип или настинка, а претставува многу подобра опција од конвенционалните лекови.
Следниот пат кога ќе фатите грип или настинка, само потопете малку вода во алкохол, нежно истиснете го вишокот и ставете го врз папокот. Фиксирајте го со широк фластер или едноставно покријте го со крпа или најлонска кеса.
На истиот начин овој метод можете да го користите и за ублажување на менструални болки- само легнете и нежно притиснете го памукот со своите раце.
За ублажување на болки во стомакот или при мачнини од патување, користете го истиот метод, но овој пат додадете и малку сол на памукот па ставете го во папокот.