Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Актуелно24.
Икона посветена на Богородица од 1748 година, која според мотивите се нарекува „Достојно ест“, првпат била насликана во светогорските манастири. Таа икона била украдена пред неколку децении од црква во Битола, по што преку шверцерски пат и криминални канали, завршила кај еден колекционер во Белград.
Откако ја набавил, немал мирен сон. Иконата на Мајката Божја често му се јавувала на сон молејќи го да ја врати тамо од каде што е украдена. Колекционерот веќе не можел да издржи, па стапил во контакт со владиката Петар и понудил да му ја врати иконата, но под еден услов- да не биде пријавен во полиција.
„Му ветив и по цена на својот живот дека нема да го пријавам во полиција доколку ја врати иконата. И други чуда се случувале, а и сега се случуваат, но за нив нема да зборуваме, можеби наредните години.“- изјавил владиката Петар.
Откако била реставрирана, таа сега се наоѓа во црквениот храм Пресвета Бгородица во Битола, а за чудата, како што вели владиката, уште долго ќе се зборува.