„Срамота“: Цеца Ражнатовиќ се изнервира од она што го прочита за снаата

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Скопје 24.

Српската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ не може да молчи и игнорира кога во медиумите се пишуваат како што вели таа измислици за неа и нејзиното семејство.

Презимето Ражнатовиќ постојано е на насловните страници од српските таблоиди, а Цеца се почесто реагира дека се пишуваат измислици.

Овој пат на насловна се најде нејзината снаа Богдана, за која се пишува дека плачела секој ден откако стана мајка, бидејќи Вељко ја оставил сама да се грижи за детето.

Цеца на својот истаграм го сподели ова и напиша:

„Лага, срамота“, не сакајќи дополнително да разложува за содржината од изведениот наслов.

 
1 јули 2020 - 12:39