Спејко раскина со Нена, сега се шета со Леа

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот За се.

few
few

Кумановецот Дарко Петковски во куќата на „Големиот брат“ беше лудо вљубен во станарката Тина Шегетин, а по завршувањето на шоуто навидум нивната врска изгледаше како што треба.
spejko-nena-640x360
spejko-nena-640x360

Двојката опстојуваше на далечина, но по краток период решија дека најдобро е да ја прекинат романсата што почна пред камери.

Во месец јули годинава Спејко ја обелодени врската со кумановката Нена Трајковска, а веста стигна и до регионалните медиуми. Изгледаа вљубено, заминаа на заеднички одмор во Грција, а неодамна беа и на свадба. И токму кога помисливме дека е сериозно, Дарко ги тргна сите фотографии со Нена што досега ги прикачуваше.

vx-1
vx-1

На социјалните мрежи Спејко повторно нема статус, а од врската со атрактивната бринета навидум не остана ни трага.
14370149_1041150725997971_1372128500783248650_n-650x650
14370149_1041150725997971_1372128500783248650_n-650x650

Инаку, познато е дека Дарко не сака да зборува во медиумите во врска со љубовниот живот, а како и претходно веројатно повторно ќе биде резервиран за потврда или демант.

Деновиве главна партнерка на Спејко и придружничка на прошетка по паркови е слатката Леа која има главно место во фотоалбумите на познатиот кумановец.

27 октомври 2016 - 14:16