Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Фаланга.
Зоран Марјановиќ, сопруг на брутално убиената пејачка Јелена Марјановиќ.
Зоран Марјановиќ, сопруг на брутално убиената пејачка Јелена Марјановиќ, пред 26 години во тогаш популарниот магазин „Трето око“ излегол со приказна дека има способност да се присети на минатиот живот, дека е видовит и дека без проблем влегува во светот на астрални проекции, пишува Телеграф.рс.
На свои 10 години првпат посетил психијатар, зошто сите биле исплашени од неговото однесување. Неговите другари од детството од Церак каде живеел пред да се пресели во Борча, велат дека бил чуден, а поради приказната во магазинот, го добил прекарот „Трето око“.
Во новогодишниот број кој излегол на 1. јануари 1990 година се појави текст со наслов „Дете патува кон небото“ во кој била приказната за детето кое има само 10 години, а може да предизвика астрална проекција кога и да посака.
-Да јас постојано добивам нови информации и ги обиколувам астралните светотви. Светот кој е видлив за наголем број на луѓе и кој се состои од материја не е единствен кој постои, раскажувал Зоран како мал кој се служел со речник кој не бил соодветен на неговата возраст, па открил дека имал духовен водач од кој учел непознати зборови.
-Кога првпат доживеав астрална проекција, секогаш на првите скалила забележував дека некое битие ме следи. Еднаш се свртев и го прашав што сака од мене. Ми рече дека е мој духовен водач низ повеќе светови и дека секогаш ќе биде на она место каде јас стапувам во астрал.
Соговорник тогаш бил и неговиот татко Владимир, кој рекол дека се исплашил кога Зоран му раскажувал за своите искуста.
-Го однесов синот на психијатар. Сите тие приказни кои ги повторуваше ме загрижуваа. Додека децата поминуваа време играјќи си, Зоран седеше во соба и разговараше со невидливи битија. Нема родител кој не би бил загрижен од тоа, рекол тогаш Владимир.
Психиајтрите и покрај напорите да воспостават дијагноза, не можеле да објаснат што се случува со малиот Зоран, а неговиот татко од страв продолжил да бара решение.
-Никако не можев да се помирам со фактот дека детето измисулува. раскажа Владимир и рекол дека единствена утеха пронашол во еден психотерапевт, благодарејќи на чии третмани Зоран се сетил на неколку свои минати животи.
Она што е најинтересно е тоа дека Зоран, сеќавајќи се на своето раѓање рекол дека има брат иако бил единец.
-Мојот брат е жив, и се наоѓа далеку, преку океанот. Таму куќите личат на оние во Банат и ние мораме да стапиме во контакт. Јас телепатски ќе му го пренесам бројот на телефон и тој ќе ми се јави кога ќе му дозволат, рече тогаш Зоран.
Инаку, подоцна дознал дека неговата мајка всушност носела близнаци и дека првото бебе е мртвородено, но според зборовите на Владимир, Зоран не можел да го знае тоа.
-Верувам во приказната на Зоран. Толку пати беше во право кога никој не му веруваше. Верувам во неговиот инстинкт.
И покај оваа приказна, Зоран тогаш не се плашел дека еден ден ќе остане без својата моќ.
-Не се плашам, но ме интересерија дали способноста ќе ја задржам и по пубертетот, заклучи Зоран Марјановиќ пред 26 години.