Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Убавата русокоса деновиве го минува својот зимски одмор во Бугарија.
Деновиве Викторија Лоба ужива на скијање на Боровец. Изгледа дека руското потекло на убавата пејачка прави да и годи овој период од годината и покрај навистина ниските температури.
Русокосата ужива во светски познатиот рекреативен центар во Бугарија и сончевото време го користи да се посвети на една од своите омилени активности – скијањето.
И додека во вечерните часови таа се затоплува со чаша квалитетно црвено вино, преку ден има комплетна скијачка опрема од која особено слатки се нејзиното црвено капче и очилата. Токму скијачките очила ни ја заскокоткаа фантазијата и ја оддадоа тајната со кого Лоба ги минува деновите, па и ноќите на Боровец (фотографијата најгоре).
На една од фотографиите што ги прикачи на социјалните мрежи во рефлексијата на нејзините очила се гледа машка силуета, исто така на скии.
Сепак не сме сигурни дали се работи за нејзината посилна половина или пак само за случаен минувач кој токму во мигот додека Лоба си правела селфи се нашол покрај неа.