Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Exclusive.
Ќерката на фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, открива дека често и се случува мајка и да и „украде“ парче гардероба од гардероберот. Цеца секогаш е скоцкана од глава до пети.
„Мене од секогаш ми се допаѓал стилот на мајка ми, изгледот и начинот на облекување, што е и нормално. Нејзиниот стил со години се менува, што е и очекувано, но мене секогаш тоа ми се допаѓало. И ден денес ми се допаѓа, бидејќи често знам да и позајмам нешто од гардероберот. Само по тоа слушам: Анастасија, каде ми е... Но да се разбереме, се случува и таа да си „украде“ нешто од мојот плакар“, вели Анастасија, која неодамна се проба во улога на модел промовирајќи познат бренд.
Песнава, како така, некако иде со текстот: Да сам крала крала сам ...