Милан Лаќа Радуловиќ проговори за сите пакости што ги правел во животот.
Синот на Марина Туцаковиќ и Фута Радуловиќ, Милан Лаќа Радуловиќ напиша текст за своето детство, растење, живот и за тоа како е да се биде син на познати родители и тоа го објави на својот портал „Vice“.
Никогаш не сум се сметал за позната личност. Тоа што мајка и татко ми се Марина и Фута и што тргнав по нивниот пат, лебот да го вадам преку музиката, никогаш не ме заведе себеси да се сметам за познат. Отсекогаш имав јасна линија, тие се тие, јас сум јас, без обѕир на делувањето во јавната сфера. За да ги зачувам родителите само за себе смислував различни пакости кон тие кои енергетски не ги прифаќав и кои ми сметаа. Сега за тоа би кажал и кретенизам. Некои навистина ја заслужија мојата мала освета, но некои минаа како боси на трња бидејќи едноставно ми се најдоа на патот, напиша Милан
Милан го истакна најекстремниот случај.
Жал ми е што на Харис Џиновиќ му уринирав во вискито, сега со мерак пијам со него секој пат кога ќе се најдам во негово друштво бидејќи е сјаен тип.