Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Струмица денес.
Белград е е симбол за одличен ноќен живот на Балканот, но Струмица го носи истиот епитет на ниво на Македонија. Може само да претпоставите кој е исходот од комбинација на струмичани на белградските сплавови па уште во друштво на синот на најпознатата турбо фолк пејачка на овие простори Цеца Ражњатовиќ. Струмичкиот стилист Марјан Петров како ученик на познатата фризерска академија Пањковиќ во Белград може многу често да го видиме токму во градот на реката Сава, но овојпат тој се најде таму по повод 49-от роденден на неговата мајка. Заедно со неа и блиски пријатели тие прославата ја организираа на познат белградски сплав во чие друштво се најде и синот на Цеца, Вељко Ражњатовиќ, за кој Петров вели дека е скромно и доста дружељубиво момче. Не се сомневаме дека тоа било забава за паметење, а еве ги и фотографиите кои Марјан ги сподели со нас.
Дали можеби убавецот на Цеца ќе го видиме и на забава во Струмица останува да видиме.