Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Кафе пауза.
Дали ви се има случено да сонувате напнат и чуден сон, а потоа да сфатите дека почнала вашата менструација? Или пак даја добиете вашата менструација во сон?Иако овие ситуации се малку чудни, тие сепак често се случуваат. А понекогаш треба да истражете за значењето на овие соништа.
Интерпретацијата и симболите во соништата не се баш дел од науката, па поголемиот дел од информациите се анегдоти и различно интерпретирани. Нема единствено објаснување за еден сон кое одговара за сите. Секое искуство е уникатно и има различно значење за секого. Па, еден начин да ги толкувате вашите соништа е да го забележите вашето расположение во нив, како и значењето луѓето, предметите и ситуациите во реалниот живот. Овие фактори ќе ви помогнат да пронајдете некаква смисла во вашите соништа.
Кога сонувате за вашата менструација, размислете што тој процес значи за вас. Дали е болна? Дали имате ПМС симптоми кои се намалуваат кога ќе добиете менструација? Дали сметате дека менструацијата е поврзана со плодност или пак секс? Најчестото објаснување за сонот со менструација е ослободување од некаква напнатост или грижа. Овие соништа често укажуваат за крај на тежок период и почеток на релаксација.
Ослободување или препознавање на вашата креативна енергија
Овој сон може да значи ослободување или препознавање на вашата креативна енергија во реалниот живот. Од друга страна, ако добиете менструација во вашиот сон, тоа може да биде знак за стрес, особено ако тој период од месецот го поврзувате со стрес. Ова може да биде знак на проблем или непријатна ситуација која го бара вашето внимание. Во реалноста, менструацијата претставува нешто кое е невозможно да го игнорирате или контролирате.
Друга интерпретација сугерира дека овој сон е симбол за надминување на некои стари искуства, или пак знак од вашето тело дека треба да се грижите подобро за вашето здравје. Без разлика дали станува збор за посета на лекар или пак повеќе спиење, можеби вашата потсвест сака да ви каже нешто.
Се разбира, секогаш постои и можноста да сонувате за вашата менструација ако се наближува нејзиниот почеток. Покрај овој, има и неколку нетрадиционални соништа поврзани со месечниот циклус за кој е потребно дополнително анализирање.
Заглавување во циклус
Ако сонувате дека консумирате менструална крв, тоа може да значи дека сте заглавени во некој циклус. Оваа интерпретација укажува дека се држите до минатото и не сакате да продолжите напред со нешто продуктивно.
Постојат некои истражувања кои ги поврзуваат чудните, живи соништа со почетокот на вашата менструација. Истото важи и за жените кои се бремени. Многу често нивните соништа се поживи и почудни кога наближува денот за пораѓање. Од ова може да се заклучи дека промената во вашите хормони сигурно има влијание на вашите соништа и на РЕМ фазата, иако не се знае што точно го предизвикува тоа.
Па, ако ја сонувате вашата менструација, размислете што тоа значи за вас. Можеби е само сон, а можеби е некаков емоционален или физички увид. Ова е само уште еден интересен начин да научите нешто повеќе за себе.