Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Нашата популарна пејачка Елена Ристеска успеа во полуфиналето да се избори и заедно со уште 4 натпреварувачи да продолжи во финалето на телевизиското шоу „Твоето лице звучи познато“, но што ќе каже нејзиниот сопруг Бојан, кога ќе ја види оваа фотографија?
Имено, неодамна Елена и се заблагодари на Македонија за поддршката која ја ужива во втората сезона на телевизискиот спектакл со хуманитарен карактер „Твоето лице звучи познато“, а во недела, во финалето ќе се бори за победа вредна 25.000 евра која секако ќе оди во хуманитарни цели.
Српскиот пејач кој важеше за еден од фаворитите во „Х-Фактор Адриа“, Стефан Коковиќ објави фотографија со која се пофали дека ужива во друштво со нашата популарна пејачка.
- Мој драги Македонци, гоооолем бакнеж од Елена Ристеска и мене ♥ Cosmopolitan Srbija Beauty Awards.
Како потсетување, нашиот папарацо објектив ги улови Елена и Бојан како уживаат во љубовта.