Северина се сели кај свекорот, добиле 250.000 евра на свадбата, 30 ќе потрошат за реновирање

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Сител.

 

Северина веќе почна да се однесува како вистинска српска снаа. Имено пејачката реши заедно со сопругот Игор Којиќ да живеат во куќата на свекорот и свекрвата. Севе ќе влози 30.000 евра во реновирање на вилата на Кеба на Бежанијска коса.

Новопечената брачна двојка одлучи да живее на реалција Белград -Загреб. А во Белград пејачката инсистирала да биде под ист покрив со родителите на Игор, Кеба и Оља, но секој во својот дел од куќата. Според медиумите, тие уште пред свадбата почнале да ја реновираат куќата на Кеба.

-Северина и Игор пред венчавката почнаа да ја преуредуваат вилата. Бидејќи српската снаа одлично се сложува со свекрвата Оља и свекорот Кеба, се радува на заедничкиот живот со нив. Кога ќе бидат во Белград ќе престојуваат таму, а во Загреб ќе живеат во нејзиниот стан во центарот на градот, вели соговорник.

Младенците воделе сметка за сите детали.

-Ангажирале најдобри мајстори, кои во вилата на Кеба ќе менуваат керамка и лустери. Порачале мебел од Италија, а одбрале и некои антиквитети. Тие ќе имаат своја соба, тоалет и посебно место за синот на Северина Александар. Во тоа ќе вложат 30.000 евра, а со оглед на тоа дека од гостите добиле 250.000 евра, може и да го зголемат буџетот за реновирање, вели изворот.

Севе првпат на слава кај Којиќи

Новопечената српска снаа Северина само неколку дена по венчавката со Игор ја прослави и семејната слава на семејството Којиќ, Свети Стефан Дечански.

Според Кеба, славата поминала во кругот на најблиските пријатели и новопечени младенци, а поголемо славење немало поради неодамна одржаната свадба на која присуствуваа 600 гости.

Севе стана Којиќ на Инстраграм

Севе на Инстаграм од вчера го смени презимето Којиќ, и најновиот статус му го посвети на Игор. Таа покрај неговата фотографија од свадбата ги напиша зборовите од песната на Аца Лукас „Запали светло“, а Игор и возврати со стиховите: „Твоите отисоци се на моето срце како на чаша, вистинската љубов никогаш не промашува“.

30 ноември 2015 - 11:34