Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Медиа.
Студијата е објавена од тексашкиот здравствено-научен центар во Хјустон, а во неа се покажа дека мажите што консумираат помеѓу 85 и 170 милиграми кофеин на ден имаат дури 42% помали шанси да страдаат од проблеми со ерекцијата, отколку оние што не се љубители на кофеинот. Мажите што консумират од 171 до 303 милиграми кофеин, пак, имаат 39% помали шанси за проблеми при перформансите во креветот.
Во студијата се земени во предвид повеќе извори на кофеин, како чај, сода и спортски пијалоци, покрај кафето.
Па, како работи? Кофеинот ги прави мускулите во пенисот порелаксирани. Таквите релаксирани фиброзни мускули значат поголем проток на крв, па оттаму и поцврста ерекција.