Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Exclusive.
Фустанот што го носеше легендарната американска глумица Мерилин Монро на роденденот на американскиот претседател Џон Кенеди достигна вртоглава цена од три милиони долари. Тој стана култен бидејќи глумицата на прославата го носела без ништо друго на себе, а бил толку тесен што морале да го шијат на неа. Фустанот е со боја на кожа, со 2.500 рачно навезени кристали, а Мерилин го облече во „Медисон сквер гарден“ кога му ја испее песната „Happy birthday“ на Џон Кенеди, објави „Дејли мејл“.
Славната глумица почина на 36-годишна возраст, а легендарниот фустан го добила од Џин Луис. Кенеди беше убиен во атентат една година откако Мерилин му пееше на прославата на неговиот роденден, на 19 мај 1962 година. Интимниот начин на изведбата на песната ги разгоре коментарите за наводната љубовна афера меѓу Џон Кенеди и Мерилин Монро.