Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Букефал.
Во денешно време изгледот често знае да излаже, но вистинските дами секогаш можете да ги препознаете според еден детал.
Не зборуваме за фризура, ниту за облека, туку за ноктите. Имено, ноктите на една дама не изгледаат онака како што денес многу девојки ги замислуваат.
Иако козметичката индустрија напредуваше толку што секој може од салон да излезе со нокти какви што ќе посака, шарени, пренападни и упадлив маникир едноставно не и прилега на една дама…
Дамите имаат кратки и уредни нокти. Тоа можете да го заклучите од сите модни магазини каде манекенките секогаш имаат куси и еднобојни нокти.