Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Центар.
Пронаоѓањето пари на улица, па макар тоа била монета со најмала вредност, е поврзано со духовноста.
Тоа ви покажува дека сте ценети и меѓу жителите на Земјата, но и во духовниот свет. Тоа е еден од начините на јавување на ангелите и душите.
Пронаоѓањето на монети може да биде порака која ви ја испаќа некој близок кој починал – со монетата ви кажува дека ве сака и дека сте вредни за него.
Но, тоа може да биде и утеха од самиот Бог кој како да порачува: „Не се плаши, не си сам, јас се грижам за тебе“.
Сте забележале ли дека повеќето од луѓето пронаоѓаат монети, а не банкноти?
Тоа е затоа што монетите траат подолго од хартијата – ангелите и душите оставаат трајна трага. Освен тоа, сјајот на монетите ги привлекува луѓето.
Кинезите веруваат дека пронаоѓањето монети е знак на добра среќа, а тоа верување се проширило низ светот. Некои луѓе пронаоѓаат монети и ги чуваат како талисман.
Постојат две работи на кои треба да обратите внимание кога ќе пронајдете монета:
1. За што сте размислувале во тој момент – тоа може да биде одговор на вашите мисли, она што ве мачи, на вашите дилеми…
2. Дали на монетата го има бројот 1 или бројот 10.
Паричка со број 1
Овој број е поврзан со нов почеток. Тоа е знак на нови идеи, но може и да наговестува успех, големи достигнувања и напредок. Ако пронајдете таква паричка, тоа покажува дека ангелите и душите ви говорат дека ве водат на пат кој донесува успех и да останете позитивни.
Паричка со број 10
Овој број претставува будење и знак дека треба да обратите внимание на некои работи и да верувате на своите инстикти како и да тргнете напред со својата одлука. Тоа, исто така, покажува дека имате потпора од духовниот свет и дека се ќе се реши како што треба, открива consciousreminder.
Писателката Кимебрли Ахри напишала книга на тема духовното значење на пронаоѓањето монети „The Meaning of Finding Coins: Messages and Spiritual Insights“. Во неа, помеѓу другото, опишала своите искуства со пронаоѓањето монети.
Секогаш наоѓам монети на најчудните места. Се чини дека ми се појавуваат во време на финансиските потешкотии, кога сум депресивна поради недостиг на пари. Верувам дека пронаоѓањето монети е комуникација со Бог, вели таа.
Опишала едно такво искуство:
„Пред неколку месеци бев на шопинг и немав многу готовина. Стоев во ред и барав во својата чанта за да пронајдам пари и да ги платам намирниците. Кога излегов од продавница, си реков себе си дека сега ги потрошив сите пари на намирници. Буквално.
Дојдов до автомобилот, ја отворив совозачката врата за да ги ставам кесите и забележав како нешто светка во грмушката покрај паркингот. Ја земав паричката и се заблагодарив на Бога за тоа. Секогаш кога ќе најдам паричка тоа го сметам за негова порака: Не се грижи за пари и финансии. Јас ќе се грижам за твоите потреби“.