Приказната на Милан е доказ дека постои црна магија: Тортата за свадбата им ја донеле од гробишта!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Сител.

 
После една година работа како келнер, Милан мислел дека видел се во животот. Но, една обична свадба променила се. Човекот кој копал гробови дошол на свадбата и го преколнувал домаќинот да фрли една торта!
 
- Гостите пристигнаа во салата е седнаа, потоа влегоа младите. Дојде еден колега и ми рече дека пред ресторанот има некој гробар кој го бара младоженецот. Не сакав да ги вознемирувам младите, па му кажав на таткото на младоженецот. Му кажав на човекот, а откако чудно ме погледна излелзе надвор. И јас отидов со него во случај да не му затреба помош, - сведочи келнерот Милан.
 
Пред кафаната стоел човек во стара облека, кој ни најмалку не личен на гостин на свадбата. најпрво, се извинил неколку пати на таткото на младоженецот, а потоа му кажал зошто дошол.
- Следев една жена до тука, убава и дотерана. Влезе носејќи торта за вашата веселба. Не би ве вознемирувал, доколку не ја видев истата жена на гробиштата, со истата торта, - тивко почнал да зборува човекот.
 
Келнерот Милан, кој бил сведок на настанот, вели дека почнал да се тресе.
 
- Таа жена дојде дотерана на гробишта со торта во рацете. Јас копав еден гроб и веднаш ми привлече внимание. Застана до еден гроб и ја спушти тортата, нешто зборуваше, па три пати фрли земја преку тортата. Мислам дека тагува за некој на кого денес му е роденден, па на гробот му донела торта. но, колачот не го остави таму, туку повторно го зема во раце и си замина. Тогаш знаев што е тоа. Во автомобилт ја чекаше еден маж. Седнав во мојот автомобил, ги следев и стигнав тука, - му раскажал гробарот на таткото на младоженецот.
Милан, келнерот кој бил сведок на разговорот изјавил дека домаќинот бил „блед како крпа“, а гробарот почнал да се тресе.
 
- Домаќине, извини, но таа жена ти прави магија, а тортата ти ја донесе тука. Двајцата знаеме што значи тоа. таа сака да ти ја затвори куќата, - рекол човекот.
 
Се смириле двајцата, а потоа гробарот почнал да му објаснува како изгледа жената која ја донела тортата. после неколку зборови, домаќинот се фатил за глава, почнал да пцуе и рекол - па тоа се кумот и кумата.
 
Таткото на младоженецот се стрчал кон салата ја зграпчил кумата за рака, го викнал кумот и двајцата ги исфрлил надвор. Го замолил келнерот Милан да ја најде тортатаи да ја фрли.
 
Кога излегол надвор да го најде гробарот и да го викне на свадбата, него веќе го немало, си заминал.
20 март 2017 - 09:05