Поп пејачката го покажа своето меѓуподножје, па ги остави сите без зборови!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот За забава.

Поп ѕвездата Гвен Стефани и некогашна пејачка на групата “No Doubt”, има 49 години и три деца, а изгледа посексапилно отколку некогаш.

Стефани, позната по својата енергичност и одличниот изглед, била фатена како излегува од автомобил, а она што ги израдувало сите папараци се гаќичките кои ѝ ѕирнале кога таа зачекорила. Но, сепак малкумина се задржале на “меѓуножјето” на пејачката, со оглед на тоа дека прекрасната Гвен ги покажала изјаваните нозе во високи црни чизми и мини џинс здолниште кое одлично ѝ стоело на нејзината фигура.

Оваа презгодна американска пејачка е мајка на три деца – синовите Кингстон, Зума и Аполо, која ги добила во бракот со рокерот Гевин Росдејл. Во последните неколку дена се шпекулира дека Гвен и нејзиниот седум години помлад партнер Блејк Шелтон се во потрага по сурогат мајка бидејќи сакаат да имаат заедничко дете.

 
21 ноември 2018 - 14:22