Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Идивиди.
Сакана или не, Ријана е родена за скандали. Понекогаш во прашање е нејзината облека, а друг пат нејзиното однесување.
Пејачката најпрвин ги пецна модните критичари со својот избор на облека за црвениот тепих на British Fashion Awards, а потоа продолжи во свој стил со скандалозното однесување на една од забавите кои беа организирани после настанот.
Пејачката се пресоблече во проѕирен фустан под кој јасно се гледаа гаќичките во кремаста боја. Длабокото деколте си го направи своето, па во еден момент едната гола града излезе на мегдан.
Како сето тоа да не беше доволно, РиРи започна провокативен танц со еден од присутните триејќи го својот задник од неговиот полов орган.