Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Гламур.
Цеца денес спие на пари и ужива во луксуз, но погледнете како изгледаше местото на кое живееше пред да се омажи за Аркан
Имено, фолк пејачката пред скоро три децении се пресели од своето родно место Житораѓ во Белград заради својата музичка кариер. Таа тогаш живееше на Врачар, па нејзините комшии се сеќаваа на неа и ден-денес.
Таа во 1993 година живееше кај една своја пријателка во стан кој се наоѓа во населбата на Врачар во центарот на Белград бидејќи тогаш немаше каде да се смести.
Како што пренесуваат српските медиуми, станот што Цеца го купи во Белград пред своето полнолетство во тој момент се реновирал. Таа до тој момент воопшто и не размислувала да се пресели тука, бидејќи се уште не го завршила средното училиште во Житораѓ, па затоа таму и живеела.
Таа уште во 1990 година имаше 350 илјади продадени примероци од нејзиниот хит „Пушти ме да го видам“, додека една година подоцна нејзиниот нов албум ги сруши сите рекорди по продажба во Југославија, па од заработените пари си купи стан и се отсели од својата пријателка. Како изгледа денес тоа место погледнете од фотографиите.