ПОБАРАНА ОСТАВКА ОД ЉУПЧО АРНАУДОВ ВО З.Г.БОГОЈАВЛЕНИЕљ

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Охрид1.


Претседателот на З.Г. БОГОЈАВЛЕНИЕ Љупчо Арнаудов тврди дека добил барање за оставка од позицијата претседател на ова здружение, од како што вели поранешни фаќачи на крстот од Варош, кои според него не можеле да се помират дека крстот го фатил човек од Белчишта.

Заради суптилноста на темата и специфичноста на изразите изјавата на првиот човек на З.Г. БОГОЈАВЛЕНИЕ Арнаудов ја пренесуваме интегрално и дословнo:

- То е една група од Варош шо не можат да се помират дека не го фатија крстот и бурето и сега бараат од мене оставка. Не дојдоја ни во "Света Софија" зошто не сакале да слават за крстот со сељани. Прават сега вакви поделби на варошани и сељани и од мене барет оставка ! Ова не е уба работа и не е на арно ! Човекот дошол си го фати крстот и то е то, немат тука што да се прави поеќе, не е важно дали е некој од Варош или е од Белчишта или Чекоштина. Такви поделби и лошотилаци не се потребни – вели Арнаудов и продолжи:

- Јас крст не фрљам од мене да се бара оставка. Јас сум за музиката задолжен. Да имаше некој пропуст во музиката и забавниот дел и да барет оставка, а вака се беше перфекција. Ај ево кажете некој, дали требит јас да дам оставка ? Заш да дам оставка ко се беше во најдобар ред и немаше никакви сколободии ! А тие што не дојдоја во "Сфета Софија" заради тоа што не бил крстот фатен од варошанец јас нема што да им прам. Толку беа огорчени што и инспекција викнаа да дојдит на денот внатре, дојде инспекција да провервит се во "Света Софија", а која пушти инспекцијата ? – го цитираме Арнаудв.

"Охрид 1" стапи во контакт со дел од поранените фаќаи на крстот од Варош од кои побаравме коментар за тврдењата дека барале оставка заради потеклото на човекот кој годинава го фати крстот на Водици.

Поранешните фаќачи велат дека тие немаат ништо против некој кој не е од Варош да го фати крстот. Тие додаваат дека сето тоа е невистина и дека приините поради кои З.Г. БОГОЈАВЛЕНИЕ се искомпромитирало во јавноста се многубројни и општо познати и немаат допирна точка со потеклото на фаќачот на крстот бидеји тие причини потекнуваат од годините пред тоа.

Тие велат дека е смешно ова тврдење на Арнаудов и дека наскоро ќе излезат јавно со став зошто ова здружение треба да се распушти, МПЦ ОА да формира Одбор кој ќе го организира празникот во Охрид, а З.Г. БОГОЈАВЛЕНИЕ да положи сметка како се трошеле парите низ годините кои минаа.

21 јануари 2015 - 15:53