Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Денес објективот на Вистина.мк улови невообичаена ситуација. Атрактивна бринета клекната до дрво пушеше цигара во тревникот покрај булевар Илинден.
Облечена во кусо фустанче во виолетова боја и црни сандали со високи потпетици оваа скопјанка изгледа не можеше да се справи со пеколното пладневно сонце на улиците на главниот град, па одлучи да направи куса пауза под ладовина.
Нејзиното лежерно однесување, но и сексапилот со кој зрачеше едноставно ги мамеше погледите на случајните минувачи.
Кога е температурата над 30-тиот степен Целзиусов, сите мерки за разладување се дозволени, а оваа бринета пронајде една од нив!