Овошен хороскоп: Проверете кое овошје сте според хороскопскиот знак

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Република.

 

Мандарина (22.01. – 19.02.)

Сексолозите истакнуваат дека овие луѓе имаат најмалку сексуални проблеми. Сексуалните активности ги доживуваат како здрави за нивното тело и за поттикнување на духот, па им се препуштаат целосно, како да станува збор за некој спорт. Нивните брачни партнери сметаат дека најголема маана им е склоноста кон изневерување, а предноста е тоа што се толерантни и подготвени да простуваат. Не сакаат маси и столици, телевизија гледаат легнати на под и потпрени на перница, па истата положба ја имаат и кога јадат. Важат за најраздвижени луѓе. Причина за тоа е во вродениот темперамент. Најмногу сакаат да се во допир со природата или да спијат во вреќа, под отворено небо.

Портокал (20.02. – 20.03.)

Портокалите имаат предиспозиции да станат најголеми фанови и најзагрижени за некои политички идеи, следбеници на разни групи и организации. Сакаат да се жртвуваат за општо добро, но лесно е и да ги заведете, посебно ако сте позборлести. Иако се сметаат за неуредни и површни, предноста им е во брзината. Често се суеверни и склони на коцкање. Обрнете внимание на нивното однесување во моментите кога се замислени или додека концентрирано размислуваат, ќе забележите дека чепкаат некаков приврзок, прстен или нараквица. Лесно се вљубуваат на прв поглед.

Ананас (21.03. – 20.04.)

Не можат да се пофалат со успех во водењето на професионални преговори и одржување на некои соработки. Не поднесуваат нечесни и лажливи луѓе, па без размислување кажуваат што мислат и го прекинуваат односот со таквите луѓе. Одат впечатливо со крената глава, а чекорот им е цврст и сигурен. Благодарение на спортскиот дух кој го имаат, темпераментни се и активни до длабока старост. Главна причина заради која Ананасот би ја прекинал врската е рамнодушноста, предвидливоста и недостатокот на страст. Тие особини ги доживуваат како ладен туш. Причина за развод може да им биде љубомората. Поретко одат на лекар, најголем непријател им е грипот, но имаат најјак имунитет.

Мушмула (21.04. – 21.05.)

Не се снаоѓаат најдобро во улога на надредени. Избегнуваат говори и обраќања во јавност, тешко поставуваат авторитет, а како недостаток им е непопустливоста. Ако нешто им тргне лошо, често се оддаваат на пиењето и претерувањето со телесните уживања. Семејниот живот им е многу важен, а домот го сметаат за приватна работа. Ретко комуницираат со соседите. Куќата им личи на складиште со непотребни работи. Имаат традиционален уметнички сензибилитет и се врзуваат за предмети и други ситници. Реагираат на сите промени во околината.

Цреша (22.05. – 21.06.)

Заземаат високо место на листата омилени шефови. Многу го ценат талентот и способностите на своите подредени и сметаат дека е важно да се наградуваат оние кои се верни и посветени работници. Мака мачат со мрзата. Строгите диети и тешките вежби кај нив постигнуваат слаби резултати. Црешите почесто од другите го држат партнерот близу до себе и го следат во секој чекор, бидејќи се многу љубоморни. Но, затоа, се подготвени да чекаат колку што треба долго за личноста која ќе им возврати во иста мера. Трпеливи се и верни. Немаат високо мислење за луѓето кои употребуваат евтини парфеми или кои живеат во несреден дом.

Кајсија (22.06. – 22.07.)

Припаѓаат на групата среќници кои не подложат на трема или паника пред излегување или испит. Најмногу естрадни ѕвезди кои немаат проблем со појавувањето во јавност се родени во овој знак. Најверните посетители се на друштвените случувања, а редовни гости на гламурозните забави. Но, затоа нема многу научници во овој знак. Нивната практична интелигенција и амбиции не подлежат на систематско учење. Сами се фалат за тоа што го имаат. Партнерот гордо го покажуваат истакнувајќи го неговиот шарм, интелигенција и амбиции. Мажите Кајсии често пати патат од сексуални проблеми, но наместо да побараат помош, тие ја обвинуваат партнерката.

Праска (23.07. – 22.08.)

Ако сфатат дека поголема корист и пари им носи хобито, отколку вистинската работа, без многу жалење ќе му се посветат целосно. Лесно учат нови зборови и граматички целости, па побрзо од другите го разбираат јазикот во некоја непозната земја. Најбројни се меѓу полиглотите, а се сметаат и за врвни преведувачи. Посебно се успешни во решавањето гатанки, а мајстори се за шеги и вицови. Знаат своите згоди и незгоди да ги прераскажуваат, толку добро, што оние околу нив се тркалаат од смеа. Нивното присуство во некое друштво е гаранција за добра забава. За тоа дека од љубовта никогаш не им е доста, доказ е тоа што нив ништо не ги спречува да се венчаат и во старечки дом после неколку пропаднати бракови.

Малина (23.08. – 22.09.)

За решавање на секојдневните работи им треба повеќе време отколку на останатите знаци, бидејќи премногу внимание посветуваат на детали и анализи, па побавно ја сфаќаат целината на проблемот. Сепак, на раководни позиции тие се на второ место. Но, тој успех го достигнуваат по педесеттата година. Во љубовта прво го пронаоѓаат причината „против“ некои врски, па дури потоа ги анализираат и добрите страни. Пребирливи се во однос на навиките на партнерот и неговите постапки. Имаат најчувствителен систем за варење.

Грозје (23.09. – 22.10.)

Припадниците на овој знак важат за едни од најубавите, што е потврдено и од многу стручњаци во козметичката индустрија. Најмалку се склони на брчки, поради што и во зрелите години имаат мазно лице. Притоа се и највешти заводници на чиј шарм тешко може да се одолее. Никој друг како оние кои се родени во знакот на Грозјето, не ги сакаат толку парите и статусот. Тешко ги подмируваат сметките. Тие сакаат многу постари или многу помлади партнери. Сетилото за мирис им е многу добро развиено.

Костени (22.10. – 22.11.)

Костените се меѓу оние кои сакаат обележани работи. Го купуваат само потребното, а критериум им е квалитетот и истрајноста на производот. Не придаваат важност на брачната верност колку што се очекува, а со текот на годините стануваат поневерни. Работниот ден на Костените обично трае до доцна во ноќта. Во овој знак се родени многу истакнати музичари, особено гитаристи, како и комичари. Посензибилни се отколку што се мисли. Релаксација им е играње шах.

Јаболко (23.11. – 21.12.)

Склоноста кон неконтролираните изливи на бес особено доаѓа до израз ако се обидете јавно да ги анализирате пред другите и ако им поставувате премногу лични прашања. Ако сте љубители на црниот хумор, побарајте го нивното друштво. Луѓето кои ги познаваат тврдат дека со нив е многу забавно, а најмногу уживаат во нивните духовити досетки на сметка на некој проблем. Концентрацијата им е најсилна околу полноќ, па тие работат и кога другите спијат. Сакаат да провоцираат и одат во крајности. Често сакаат да го украсуваат телото со тетоважи и пирсинзи.

Калинка (22.12. – 21.01.)

Најмногу ги има на оние работни места каде што се бара оригиналност. Дури и обичните работи тие ги прават на посебен начин. Фасцинирани се од сè што е ултра модерно. Го следат трендот во секој поглед. Со нив е тешко да се планира иднината. На нивните партнери најмногу им пречи тоа што сакаат да останат во пријателски однос со бившите. Постојано имаат потреба за промена. Не ги држи место, па често се селат. Авантуристички типови и сакаат сè да видат и да фотографираат. За нив идеално место за одмор и живот е некоја шума.

 

28 август 2015 - 11:01