Овие два хороскопски знаци во март ги очекува љубовна катастрофа

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Среќа.

 

БИК

Ако компликации не се случиле во текот на јануари и февруари, сигурно е дека тие ќе се појават во март. Ова е чувствителен период за Биковите. Можни се периоди на изолација или емоционална дистанца, тешкотии, нарушување предизвикано од надворешни влијанија, проблеми кои влијаат на партнерите, криза и финансиските ограничувања. Совет е да соберете внатрешна сила, да дејствувате смирено и да имате многу трпение.

БЛИЗНАЦИ

Ова е комплициран период. Морате да се поставите дипломатски за да не, вие или вашиот партнер, предизвикате проблеми. Ова може да се должи на фактот дека заедно, рамо до рамо ќе минувате низ проблемите, или вашиот партнер да има проблем (здравствен, бизнис) кој ќе влијае и врз вас. Во секој случај, атмосферата нема да биде релаксирачка.

26 февруари 2016 - 18:08