Оваа реченица никогаш не ја барајте на „Гугл“, инаку ќе бидете уапсени!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Ohridsky.

 

22545-1
22545-1

Дека секој може да види што сте пребарувале на интернет ќе ви потврди примерот на Аманда и Коди Дејвис од Колорадо.

Оваа двојка имено, решила поради сиромаштијата и коцкарските долгови да ограби банка, а пред самата акција одлучиле да пронајдат на интернет, односно на „Гугл“ како луѓето најчесто се фатени после грабеж.

Аманда и Коди својата идеја ја спровеле во дело, па така од банката однеле само 600 долари. Меѓутоа, не очекувале дека „гуглањето“ на телефонот ќе биде еден од главните докази кои ќе ги однесе директно во затвор.

Аманда во текот на грабежот на банкарот му проследила парче хартија на кое пишувало „извади ги парите и стави ги во торбата“. Откако успеала да украде само 600 долари, вработениот во банката почнал да вика: „Оваа жена штотуку украде пари од мене! Ограбен сум!“.

Полицијата тргнала во потрага на Аманда и Дејвид, а двојката е фатена откако полицајците им ги дупнале гумите на возилото. По апсењето Аманда признала дека грабежот бил нејзина идеја, и дека Коди не би направил се доколку не била таа.

Аманда и Коди изјавиле дека им било преку глава од сиромаштијата во Тексас, па затоа помеѓу останатото, се одлучиле за грабеж. Двојката е обвинета за злосторнички заговор и грабеж.

1 април 2015 - 09:17