Откриваме тајна; Познатата диета на Жан Митрев ние ја измисливме, а сите ја споделуваа

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Доказ.

Почитуван г-дине Стаменковски
Ве замолуваме Веданаш да го отстраните името на Академикот Жан Митрев од текстот ЖАН МИТРЕВ ПРЕПОРАЧУВА: Рецепта – чудо за лекување од рак, штити од инфаркт (http://www.dokaz.mk/zhan-mitrev-preporachuva-retsepta-chudo-za-lekuvane-od-rak-shtiti-od-infarkt/)

кој е објавен на Вашиот портал , бидејки тој нема никаква врска со текстот, а воедно бараме да се отстрани текстот за диетата на др Митрев. Ве замолуваме да дадете објаснување до Вашите читатели дека е др Митрев воопшто не е поврзан со рецептот ниту пак со текстот за диетата која сте ја објавиле. И уште еднаш Ве замолуваме во иднина да се возржувате од слични злоупотреби на името на Академик Жан Митрев, во спротивно ке поведеме соодветна судска постапка.

Специјална болница по хируршки болестиФилипВториСкопје
Медицински директор
др Тања Анѓушева

 

Жан Митрев препорачува: Рецепт – чудо за лекување од рак, штити од инфаркт

Рецепт за лекување на целиот организам! Ги прочистува крвните садови, го лекува срцето, буквално го подобрува имунитетот, го чисти црниот дроб, ја подобрува работата на мозокот, превенира од инфаркт, и се смета дека помага при лекување на рак.
Состојки:

15 лимони
12 глави лук
1кг мед
400гр пченични никулци
400гр ореви
Подготовка:

Земете 400гр необработена пченица и ставете ја во чиста стаклена тегла. Наполнете ја со вода и оставете да отстои 10-12 часа. Покријте ја со газа. По 10-12 часа процедете низ газата и добро измијте ги зрната. Еден ден подоцна ќе се појават никулци со големина 1-2мм.
Во машина за мелење месо, сомелете ги заедно со лукот, оревите и пченицата со никулци. Потоа, измелете 5 лимони заедно со кората, и додадете ги кон смесата. Од останатите 10 лимони само сокот се додава во смесата.

На крајот се додава медот. Смесата се префрла во стаклени тегли. Се чува во фрижидер. Се користи откако ќе отстои 3 дена.
Овој лек го лекува целиот организам и сите болести!
Како се конзумира:
1-2 супени лажици 30 минути пред секое јадење (3 пати на ден). За лекување на рак се зема на секои два часа по една лажица.

П.С. Се надеваме некој и ослабел јас не се здебелив хахахаха

3 декември 2017 - 10:17