НОЌТА НА 23 ЈАНУАРИ Е “ВОЛЧЈА НОЌ” – ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Актуелно 24.

Во ноќта помеѓу 23 и 24 јануари не очекува „Волчешка Месечина, што е одлична вест бидејќи се очекува дека конечно ќе ни донесе позитивни вибрации. Почетокот на 2016 година беше поприлично турбулентен но од 24 јануари ќе може да се надеваме само на позитивни промени.

winter
winter

Оваа полна, односно „волчешка“ Месечина ќе биде пресвртна точка за многумина. Конечно ќе дојде до решение во досега нерешливите ситуации и наеднаш ќе ви се разјасни кој следен потег треба да го повлечете.

Уште една занимливост е дека годинешната „волчешка Месечина“ е биде во знак на Лав, а тој е роден водач на глутницата.

Од друга страна, волкот можеби делува страшно, но во спиритуализам тој означува силна интуиција и способност на себе познавање. Во следниот период ви претстои еден вид на „себе откривање“. Кон крајот на јануари и почеток на февруари вистинската слика за вашите квалитети ќе излезе на виделина. Ако имате некои планови поврзани за почеток на нова работа или било што ново ова е идеален момент да започнете со тоа.

Денот по полната Месечина, 25 јануари, Меркур ќе прекине да биде ретрограден, а тоа значи дека голем број на работи кои безуспешно се обидувавте да ги испланирате и остварите конечно ќе дојдат на свое место и ќе се реализираат.

23 јануари 2016 - 20:14