Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вечер.
Атрактивната хрватска старлета, пејачка и писателка Нивес Целзиус (32) повторно провоцира. Таа пред настап на еден фестивал на хрватското приморје отишла да се освежи на осамена плажа. Мислејќи дека е сама, потполно се ослободила и го соблекла горниот од костимот за капење, кој го затскривал нејзиниот заштитен знак - бујните гради. Но, папараците ја фатиле како се капе полугола далеку од љубопитните погледи. Имено, Нивес на себе имала атрактивен костим за капење со реси, но проблемот настанал кога и се намокрил горниот дел, па од ресите и станал претежок и постојано и се лизгал од мокрото тело. Кога сфатила дека нема смисла да се бори со него, лежерно го отфрлила на блиските карпи и продолжила да си се брчка во водата.