Откако со синот Александар уживаше во родниот Сплит, хрватската поп-ѕвезда Северина Вучковиќ ги спакува куферите и замина за топлите краишта.
Таа на Инстаграм објави разгледница од крстарење. Како и секоја година Севе 2015 ја започна на скијање. Во почетокот на јануари со својот син ужуваше во популарниот зимски центар Насфилд во Австрија.
Одморот за пејачката се уште трае, но во овие зимски денови таа замина на топло. На фотографијата на која 42-годишната пејачка позира во фустан на Стела Мекартни стои кратка порака : „Поздрав од Дубаи“.
Не е познато кој и прави друшво во Обединетите арапски Емирати.