Некогаш девојка со најубав задник, а сега и скапува ногата

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Денешен.

Бразилската убавица Андреса Урах, позната по тоа што беше прва придружничка на натпреварувањето за најдобар задник во Бразил (Мис Бум Бум), веќе подолго време се бори со инфекција која ја доби после неуспешна пластична операција.

devojka4
devojka4

Таа поминала еден месец на интензивна нега, а лекарите едвај успеале да и ја сочуваат ногата.

Сега одлучила со сите да ги сподели фотографиите од страшните рани, како предупредување за сите девојки.

Андреса, која медиумите ја поврзуваа со Кристијано Роналдо, не крие дека повеќе пати подлегнала на пластични операции, а се шушка дека средила се, од носот до вагината.

devojka1
devojka1

Сепак, посебно внимание им посветила на бутовите и задникот, бидејќи се занимава со манекенска работа и благодарение на тие облини стана славна.

За уште повеќе да ги истакне облините, Андреса се одлучила за филери, но во јули почнала да се жали на страшни болки во ногата.

Тогаш лекарите и извадиле по 400 милилитри филери од секоја нога, затоа што се плашеле дека ткивото ќе почне да скапува.

devojka2
devojka2

Меѓутоа, и покрај операцијата, болките продолжиле и во ноември завршила во болница со сериозна инфекција на левата нога.

Два пати се обиделе да и ги извадат филерите пред да падне во септички шок, од кој одвај извлекла жива глава.

11 јануари 2015 - 10:45