Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Пулс 24.
Снежана Ѓуришиќ е победничка на петтиот „Гранд фестивал" – „Биди хуман". Дека убедливо ќе триумфира беше јасно уште на почетокот на гласањето, а Снежана секој бод за песната „Никој не ме сакал како ти" со која се натпреваруваше, го испрати со солзи.
Неколку моменти откако ја прогласија за победник, Снежана разговараше со екипата на „Блиц.рс."
- Сето ова остава многу голем печат за мене...Верував во песната. И верував во себе. Шабан беше убеден дека ќе победам. Ова натпреварување има возвишена цел. Освен што донесе одлични песни, тоа има и хуманитарен карактер, бидејќи ќе му помогнеме на некој. Има многу несреќни деца, на кои ова ќе им помогне – вели Снежана.
Покрај неа цело време беше нејзината ќерка, а сопругот на Снежана, Слободан Гвозденовиќ пред една ипол година почина како последица на срцев удар.
- Јасно е на кого е посветена оваа песна. Ист е случајот и со претходната „Лепи мој“. И понатаму ми е тешко да зборувам за тоа, раните не зараснаа и нема никогаш да зараснат Плачев бидејќи ме понесоа емоциите, а знам дека мојот сопруг ме чува одозгора и дека секогаш е со мене. Тоа никогаш нема да се промени – вели Сузана не криејќи ги солзите.
Вели дека на фестивалот имала само еден фаворит:
- Мислам дека Дарко Лазиќ имаше одлична песна и тоа не само затоа што му ја напиша Шабан Шаулиќ. Неговата песна е фантастична, останатите не би ги коментирала.
Погледнете КАКВА ГЛЕТКА им приреди Тања Савиќ на сите присутни на Гранд фестивалот. Дојде во кратко фустанче, но заборави да се издепилира. Повеќе на следниот ЛИНК