Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Infomax.
Душата на човекот се враќа во Универзумот, откако луѓето ќе починат. Душата продолжува да живее, тврдат научниците кои се обидуваат да најдат врска меѓу мозокот, мислите и свесноста.
Научниците утврдиле дека душата продолжува да живее во микроканалите на мозочните клетки, пишува „Sciencepunch“.
– Да претпоставиме дека срцето запира и крвта престанува да тече и во тој момент микроканлите ја губат квантната состојба. Информаците кои се содржани во нив не се изгубени ниту уништени, туку може да се распрскаат по вселената. Во ситуациите во кои пациентот оживува, сите квантни информации стануваат оперативни повторно и пациентот вели дека доживеал искуство блиско на смртта – објаснуваат научниците.
Во случај да не се сочуваат, постои можност да останат во микроканалите надвор од телото, во бесмртната состојба која ние ја нарекуваме душа, се наведува во истражувањето.