Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Македонската поп пејачка Наташа Малинкова откако летово ги наполни батериите акумулирајќи енергија, тргана да ја троши. Ноќните свирки ширум Македонија се редовна неделна тура на кавадаречката распеана снајка, која знае како „да се продаде“ на естрадата, па затоа ПР-от и е секојдневно на ниво. Особено кога се работи за социјалните мрежи. Тука Малинкова е неприкосновена. Фејсбук, Твитер, Инстаграм… секој ден – нов пост – нова фотографија. И тоа сликана на различни локации, во различни пози и позиции… во зависност од околностите и потребите на пејачката!
Па така, откако морето и летниот амбиент го апсолвираше, голоо селфи добредојде за „скокоткање“ на фановите, а по него напрченото газе и неговата рефлексија во огледалото уште малку ја зачинија возбудата.
Најновата фотографија е сосема поразлична. И на прв поглед, не толку спектакуларна. На неа нема ниту „Г“ од голотија, напротив! Освен, доказ дека пејачката е мазна и под пазуви! Малинкова закопчана до грло во црна маичка и шарено здолниште до глуждови… Ама затоа качена на лустер! И то не еден, туку на два… кристални!
Шегата на страна, не баш дека е качена на нив, ама е качена на платото меѓу нив. Фотографијата не може да се каже дека е естрадна, ама затоа можеби е рекламна. За сопствениот бизнис преточен во семејниот салон за мебел во Кавадарци или за нечии други потреби… таа си знае. Важно, фотосесијата бидна! Мајсторе, гаси светло… на тоа лустерите!