Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Галама.
Размислувањето позитивно за парите може да привлече уште пари во вашиот живот.
Со помош на едноставен трик со една 100-денарка која ќе ја ставите во вашиот паричник на видно место, можете да ја промените вашата финансиска состојба на подобро. Многу подобро.
Се’ што треба да направите е да ставите пара од 100 денари во паричникот, но никако не смеете да ја потрошите. Секогаш треба да стои во паричникот и да ве потсетува дека имате пари и позитивно да размислувате за нив.
Покрај тоа, секогаш размислувајте како да имате многу пари и дека моѓете да си купите се’ што ќе посакате.
Секако, тука не мислиме на прескапи материјални работи, туку на нешто што ви е неопходно за секојдневниот живот. Можете да ставите и поголема пара ако сте во можност, па така да привлечете уште повеќе пари.
Тука не сте ограничени во валутата, ниту на бројот на нулите. Важно е вашата пара да ве асоцира на богатството кое го поседувате и веруваме дека таа пара на пример од 100 денари, за кратко време ќе биде заменета со 100 евра.
Не запирајте бидејќи нема граници. Размислувајте позитивно со помош на Моќта за привлекување и вашиот живот ќе изобилува со богатство.