Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Неодамна порталот на 1ТВ објави дека Мелита и Накова се скарани, а гевгеличанката експресно ги демантираше објавувајќи заедничка фотографија на двете џет-сетерки крај која напиша: „Ми недостасуваш убавино, моја втора половино“.
И не помина долго време, само неколку дена, за Мелита да и го задоволи копнежот на Накова. Двете убавици се сретнаа, најдоа време одново да се дружат и повторно да бидат заедно.
Она што пропуштиле да си го кажат и раскажат за се’ што им се случило во периодот додека се не беа виделе, го направија во еден елитен скопски ресторан. Салати, морска храна, вино… и бескрајни, безгрижни шепотења на двете убавици.
Едната на „другата во мене“ веројатно имаше што да и раскаже и обратно… Сепак дружбата на двете „сестри од различна мајка“ по се’ изгледа не заврши „со хепи енд“… Само да не помисли некој дека имало некаква кавга, недоразбирање, расправија, лутење, не дај Боже скандал… Ниту случајно!
Имено, сето претходно кажано, Мелита го овековечи како доказ на нивната „верна дружба“ постирајќи го на приказните од својот Инстаграм профил!Сепак, последната фотографија ги зачуди, загрижи и стави во мисла сите љубопитни следбеници на двете убавици, чија повторна фузија заврши на инфузија!
Мелита постирала кадри од една позната приватна скопска клиника, каде се гледа како женска личност е легната на болничкиот кревет, најверојатно во доцните ноќни или раните утрински часови, и прима инфузија! Што се случило, од која причина, колку тоа било сериозно… И конечно, која од нив двете е на фотографијата или е некоја трета…? Мелита должи прецизен одговор!