Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Кафе пауза.
1. Ако се чувствувате целосно уништени
Дали премногу ве погоди веста дека бракот на Бред Пит и Анџелина Џоли заврши? Дали сте опседнати со ова, при што знаете дури и да заплачете? Ако се пронаоѓате во оваа категорија, тогаш вие сте романтичар кој верува дека вистинската љубов никогаш не умира, па затоа и оваа вест направила да се чувствувате ужасно. Вашето мото е дека ако во една врска има вистинска љубов, тогаш тие двајца никогаш не би се разделиле. Па, така се однесувате и во својата љубовна врска. Кога ќе забележите дека работите не одат во добар правец, брзо се оддалечувате затоа што не сакате да губите време на човек кој сметате дека не е вашата вистинска љубов.
2. Ако аплаудирате и велите „Ви реков…“
Дали аплаудиравте на ова случување? Сигурно одма што разбравте, им кажавте на вашите пријатели дека знаевте дека ова ќе се случи, бидејќи оној кој еднаш бил измамник, секогаш ќе остане измамник… Кога Бред Пит ја изневери Џенифер Анинстон со Анџелина Џоли, вие бевте сигурни дека Анинстон ќе ја добие својата одмазда, затоа што Бред ќе го направи тоа повторно. Ако се пронајдовте во ова, тогаш вие сте личност која не верува во љубовните врски и секогаш внимава на својот партнер, па доколку откриете дека ве изневерил, тоа ќе биде целосен крај. Вие немате трпение за простување.
3. Ако бевте навистина изненадени
Дали бевте изненадени од целата ситуација, но сепак имавте надеж дека наредната недела тие повторно ќе бидат заедно? Доколку вашиот одговор е потврден, тогаш може да се каже дека вие сте личност која разбира дека љубовта не е едноставна, ниту пак дека може лесно да се објасни. Не сакате да верувате дека тие ќе се разведат: Анџелина ќе ја преиспита ситуацијата, а Бред ќе се докаже достоен за нејзината љубов. Ова покажува дека и во вашата врска вие сте спремни да преминете преку некои грешки бидејќи знаете дека тоа е цената на љубовта, а верувате во неа.
4. Ако сте вознемирени
Веднаш откако ја слушнавте веста за разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли, вие се почувствувавте нервозни и почнавте да пребарувавте на Интернет која е причината за тоа. Доколку се пронајдовте во ова тогаш вие сте личност која верува дека љубовта е предвидлива и дека се придржува до одредени модели кои треба да се откријат. Сигурно во изминатиот период Бред и Анџелина покажале одредени знаци на стрес и несигурност, па вие ќе се обидете да ги пронајдете. Така и во вашата љубовна врска, постојано ќе ги анализирате постапките на вашиот партнер, со цел да откриете дали тој навистина ве сака. Вие донесувате одлуки врз основа на тоа што ви вели вашиот ум, а не срцето. Ова честопати ве прави нервозни затоа што вие секогаш се обидувате да ја предвидите иднината.
5. Ако се чувствувавте тажни поради сите случувања
Дали почувствувавте тага кога ги слушнавте најновите вести за Бред Пит и Анџелина Џоли? Дали чувствувавте жал за нив, но исто така од друга страна ви беше мило затоа што тие таа одлука ја донеле за нивно добро? Доколку е така, тогаш вие сте личност која мисли дека брачните парови треба да посветат големо внимание на себе и на својата врска, а за тоа е потребно време и меѓусебна блискост. Како може да трае една врска помеѓу славни личности кога тие постојано се на различни места и на различни страни од светот? Вие настојувате да поминете што е можно повеќе време во заеднички активности со вашиот партнер.
6. Ако се чувствувавте ослободено
Се смеевте и почувствувавте нов бран на адреналин кога ја слушнавте новата вест за Бред Пит и Анџелина Џоли? Тогаш вие сте личност која смета дека љубовта е привремена и дека не можете да останете со една личност засекогаш. Вашите врски не траат повеќе од три месеци, бидејќи штом ќе почувствувате дека исчезнуваат забавните моменти, вие продолжувате понатаму. Вистинска љубов? Никако не верувате во тоа!
7. Ако бевте бесни и се прашувавте „Како можеше да го направи ова?“
Вие бевте прилично бесни кога ја видовте веста за Бред Пит и Анџелина Џоли, па се прашувавте: Како таа може да се раздели со човек кој е згоден, талентиран и совршен од секој аспект? Вие сметате дека никогаш не треба да се стави крај на бракот кога во него се вклучени и децата. Не ви е гајле какви биле нивните односи – вие сметате дека требало да направат поголем напор за да ја спасат нивната љубов. Дури и кога станува збор за вашиот брак, вие никогаш не би ставиле крај, освен ако не е вклучена злоупотреба.
8. Ако бевте целосно збунети
Дали бевте целосно збунети кога ги видовте шокантните наслови, па постојано се прашувавте како сето тоа можеше да заврши? Вие сметате дека во љубовта најважна е хемијата, а Бред Пит и Анџелина Џоли беа пар што зрачеше со страст. Вашите претходни врски завршиле затоа што немало доволно топлина помеѓу вас двајца. Вие сѐ уште не можете да поверувате како може да згасне една толкава љубов.
9. Ако воопшто не ве интересира оваа вест
Ако вам воопшто не ви се важни најновите случувања во животот на познатите ѕвезди и сметате дека не треба да се грижите за разводот помеѓу Бред Пит и Анџелина Џоли, тогаш најверојатно вие сте во здрава и стабилна љубовна врска, па немате време да ги читате најновите озборувања на Интернет. Не сакате да се мешате во туѓите врски, затоа што сметате дека овие проблеми се приватни. За вас најпаметна работа е да поминувате време со вашиот партнер или сопругот и децата.
Па, најверојатно приказната сѐ уште не е завршена. Почекајте ги следните новости, па можеби ќе дознаете уште нешто повеќе за вашата љубовна филозофија.