На калуѓерка по смртта и се појави „Марија“ на раката

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Бриф.

 

maria_kalugerka
maria_kalugerka

Калуѓерката Јосипа која почина на возраст од 97 години приреди вистинско чудо по смртта.

Откако таа починала, на нејзината рака се појавил натпис „Марија“.

Од тој момент меѓу медицинскиот персонал и сите останати кои слушнале за овој феномен, се води полемика дали се работи за чудо или пак за измама.

Посмртните останки на калуѓерката Ана Челсе Манцоне, за кратко време дојдоа да ги видат многу љубопитни луѓе со надеж дека ќе пронајдат одговор на оваа мистерија. Меѓутоа се уште нема одговор.

Сестра Јосипа живеела во сестринството Света Ана, и му била многу посветена на Бога, а според некои интригантно е тоа што починал токму на 13 мај 2014 година кога е годишнина од првото претскажувања во Фатима. Според некои тоа не е случајност.

Според изјавите на лекарите, во моментот на потврдата на смртта на калуѓерката на нејзината лева рака се појавил натпис со светла боја, долг дваесетина сантиметри. На него јасно се гледа зборот „Марија“.

18 февруари 2015 - 13:53