Мокра дамка на незгодно место на фустанот: Што ѝ се случило на богатата наследничка?

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Точка.

Богатата наследничка Парис Хилтон, била фотографирана со мокра дамка на нејзиниот фустан – и тоа, на најнезгодното можно место.


33-годишната Парис Хилтон била на работа како DJ во еден од ноќните клубови во Лондон, а и покрај студеното и мокро време, таа била облечена во тесно кратко фустанче. И сè ќе било супер, да не била чудната мокра дамка на нејзиниот сребрено-сив фустан, која не поминала незабележано кај фотографите.



Додека таа се смешкала и подготвено позирала, на задниот дел од нејзиниот фустан фотографите воочиле голема, мокра дамка. Веруваме дека богатата наследничка не се „измочала“, меѓутоа сигурно изгледало како да е така.


Па, сепак, колку и да не им се допаѓа тоа, и на славните убавици некогаш им се случуваат непријатности како и на „обичните смртници“...

5 јануари 2015 - 12:55