Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Марјана Станојковскае позната како манекенка, модел, инфлуенсерка, ТВ водителка, лото девојка… Секогаш подготвена на предизвици, таа со Лила, Љупка Митрова, Лоба и можеби уште по некоја Македонка од јавниот живот, е најекспонираната кога се во прашање рекламите на разн-разни кампањи, брендови, производи… преку социјалните мрежи.
Марјана едноставно секој ден на Фејсбук и Инстаграм има да ви понуди нешто ново. Секако проследено со провокативни фотографии на русокосата убавица, која од костими за капење, козметика, безалкохолни пијалоци, ги изненади сите кога се фотографираше во пиљара со еден од најпознатите македонски земјоделски брендови в раце – црвен домат!
Очигледно мераклика на доматен сос за паста која тргна самата даги подготви, водителката најпрвин сврати самата и да си ги одбере патлиџаните! Можеби некому му изгледа необично, ама ништо нека не ве чуди, зашто кој тоа има поголемо искуство од македонската лото девојка со држење на топчиња в рака?
Добро овие не се добитни по џебот, ама сепак се добитна комбинација по здравјето. Зашто летно време овошјето и зеленчукот се најздравото нешто што можете да си го приуштите, се разбира за не така скапи цени. Останува само изборот…
А кога е изборот во прашање, Марјана е експерт за вистински избор. Зашто нема топчиња што не и лежат в рака… Па макар тоа биле и свежи домати! Впрочем, лото девојката добро знае дека не само на око, туку најмногу на допир квалитетот се препознава