Малото прсте открива дали сте имале секс

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Exclusive.

Жена која штотуку имала (добар) секс лесно е да се препознае, тврдат сексолозите. Таа е насмеана, опуштена и има посебен од.

Но, сексологот Трејси Кокс, оди чекор подалеку и тврди дека со само еден поглед на нејзиното мало прсте може да се види „лудата ноќ“.

Според Кокс, многубројни истражувања покажуваат дека личностите кои имале секс вечерта, утредента тоа им се познава на малото прсте на левата нога, кое во овој случај е поцрвено од останатите прсти.

Исто така, Кокс вели дека малиот прст го претставува сексот, а прстот до него – љубовта. Ако има голема разлика во големината на тие два прсти, тоа значи дека личност е љубител на секс без обврски.

22 август 2018 - 15:28