„МАКЕДОНСКИ ФОЛК ПЕЈАЧ ЛЕГНА СО ДЕСЕТ ЖЕНИ ОДЕДНАШ“

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Естрада Плус.

Последниот квартал од годината е познат по најлудите забави и огромната еуфорија, па, така и оваа вест не треба да ве изнанади, но секако ќе ве збуни за миг.

Младиот КривоПаланчанец Александар Стевановски на својот фејсбук профил објави фотографија која кај повеќето колеги предизвика бурна реакција која ја искажаа на самата фотографија објавена на најпопуларната социјална мрежа.
Фотографијата е една од повеќето необјавени од колекцијата создадена за време на настап во источна Македонија, и најверојатно е сликана од некој од гостите.
На фотографијата се гледа како Александар најверојатно понесен од емоциите и атмосферата во преполниот ресторан лежи на под и им пее повеќе од десетина жени кои направиле обрач околу него и го кителе со пари додека лежел.
Се надеваме дека сега разбравте дека е можно да легнете со многу жени, но како и да е, еден ден покрај една ќе се будите.
Од извори блиски на Александар, како и од самите гости дознаваме дека настапот бил спектакуларен и специфичен, закитен со повеќе слични пријатни изненадувања и чекори кои може да ги направи само човек кој пее од душа, додека парите му се на второ место.

28 декември 2015 - 18:32