Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот ЗаЗабава.
Името кое постојано се спомнува кога станува збор за реалното шоу "Парови" е она на Маца Дискреција. Без разлика дали изведува стриптиз, се расправа со Атина Ферари или "снима спот" пред огледалото, Сенада Нуркиќ е во центарот на вниманието.
Сега, нејзината мајка Енеса Хоџиќ даде неколку изјави поради кои ќе ви се заврти во главата.
"Мојата ќерка беше со Аца Лукас и тој и плати за тоа. И даде некој паричен износ и вети дека ќе ја протурка во Ѕвездите на Гранд, но од тоа немаше ништо. Таа не беше со него поради парите, туку за да и помогне во кариерата", изнесе мајката сериозни обвинувања против пејачот.
Покрај него, мајката на Маца Дискреција зборува и дека нејзината ќерка имала понуда и од менаџерот на пејачката Селма Бајрами кој и ветил албум доколку спие со него, но Маца му рекла "прво албум, па после тоа може".
"Моето дете многу се разочара во мажите и сега е со нив само од интерес. Се забавува само со оние од кои има корист и кои имаат дебел џеб, но не се бави со проституција", изјави Енеса Хоџиќ.
Лукас ги демантираше обвинувањата со зборовите "и мојата мајка рече дека сум со кралицата Елизабета, па што?" и запраша до кога луѓето "ќе пробуваат да прават кариера преку неговиот грб".