Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Ќеиф.
Проверете кој датум е родено вашето куче и прочитајте ги неговите карактеристики, ќе се изненадите колку е виситинито. Или уште подобро без да го дознаете денот на раѓање обидете се да го пронајдете вашето куче според карактеристиките на еден од знаците.
Овен – Водич на чопорот (23.03 – 19.04)
Овенот е прв знак во Зодијакот. Со оглед на неговото место во Зодијакот, природно е што кучето Овен се поставува како лидер. Ова куче родено во знакот на овен ќе живее по мотото “ЈАС ПРВ “ и понатаму нема да има никакво расправање.
Заедничкиот живот со овој љубимец е возбудлив и е вистински предизвик. Физички е активен, енергичен и е со непресушен капацитет за вежбање, нему му требаат и по неколку долги прошетки во текот на денот. Нему му е потребен голем и комотен дом со оглед на тоа што мрази ограничувања од било каков вид.
Смешно е да помислите дека било каква ограда или врата ќе го задржи ова куче. Ова куче никогаш нема да биде послушно. Борбата за својата самостојност ќе ја започне оној момент кога ќе влезе во вашиот дом.
На крај, односот меѓу сопственикот и кучето – Овен ќе се сведе на компромис… најчесто од страна на сопственикот!!! Поголем дел од кучињата Овни се нетолерантни кон другите кучиња, па често ќе влегуваат во конфликти со останатите кучиња за да ја покажат и докажат својата доминантност.
Бик – Силни и јаки (20.04 – 20.05)
Кучето родено во овој знак е силно и јако куче. На ова куче може да му бидете водич, но никако со присила. Ако му дозволите да си држи свое темпо, ова куче секогаш ќе извршува се што ќе побарате од него без никакви проблеми. За ова куче близината на сопственикот е блаженство и за да му овозможите сигурност кога не сте дома, потребно е да оставите нешто свое кое ќе го потсетува на вас.
Ова куче не е многу динамично, тоа повеќе би сакало да си отспие отколку да трчка наоколу. Но, ако почувствува дека сопственикот му е во опасност, се преобразува во исклучително брзо куче.
Ова е едно од кучињата кои многу сакаат да јадат, па понекогаш може да станат и агресивни во врска со храната. Не е чудно ова куче да копа дупки и таму да ја крие храната за „црни денови“. Бидете подготвени на тажен поглед додека вашето куче седи пред фрижидерот.
Близнаци – лајачи (21.05 – 21.06)
Кучето родено во овој знак ќе биде немирно, сестрано, весело…и тоа се истовремено. Ќе биде способно лесно да ги изрази своите чувства, какви и да се, па за многу кратко време ова куче ќе има добро истрениран сопственик.
Оваа подвоена личност, всушност засекогаш ќе остане мало бебе. Сè му здосадува брзо. Тој е привлечен и грациозен и ако треба цел ден ќе биде во некаква „акција“.
Но, оној момент кога ќе побараме од него нешто да стори, е тогаш ќе покажува знаци на исцрпност, ако треба па и ќе колабира. Ова куче е љубопитно, и секогаш ќе бара нешто ново и интересно. Нема да ви најде замерка ако го оставите на неколку дена на чување кај своите пријатели. Бидејќи не е верно куче, ако му се пружи шанса, тоа може и да си отиде засекогаш.
Рак – љубител на домот (22.06 – 22.07)
Кучето родено во овој знак е силно поврзано со морето и месечевите мени. Многу е веројатно дека ова куче ќе скокне во вода секогаш кога ќе има шанса за тоа. Има свои успеси и падови и има силна желба да остане на едно место, веројатно е најтрпеливото и најупорното куче во целиот Зодијак.
Остава впечаток на срамежливо и повлечено куче, но реалноста е сосема спротивна. Важно е да се чувствува корисно. Ова куче има склоност кон психички нарушувања секогаш кога животот ќе стане претежок .
На пример, мајката на новородените кутриња, ако треба и ќе се испокара со сопственикот само за кутрињата да останат покрај неа уште една ноќ…па уште една…па уште една…
Кучето Рак може да живее било каде. При преселба во нов стан, тоа веднаш ќе си го најде своето катче.
Лав- шеф ( 23.07 – 22.08)
Кучето родено во овој знак е владетел. Накратко, тој е доминантно животно…. ако добие и најмала шанса за тоа! Ова куче себе за себе си мисли дека е неколку нивоа над другите кучиња и очекува сите други да се однесуваат во согласност со овој негов став.
Тоа секогаш ќе биде совршен пример за својата раса. На ова куче јасно треба да му се покаже каде му е местото уште додека е мало. Ако го постигнете ова, кучето Лав ќе биде шармантно и вредно куче со кое ќе биде задоволство да се живее.
Ова куче ако треба и својот живот ќе го даде за да го заштити својот сопственик. Тој е извонреден чувар….освен што поседува една чудна ексцентричност: смртно се плаши од мачки !
Девица – помагач (23.08 – 22.09)
Кучето родено во овој знак е едно од најпогодните кучиња за во вашиот дом. Тие се најподготвени да бидат љубимци во вашиот дом. Всушност, ќе уживаат во оваа своја улога.
Ова куче е хипохондрик. Прави цели драми од само една болва или пак од малку иритиран желудник. Се што е најдобро, ова куче го сака за себе: највкусната храна, најубавата фотелја, најлуксузно опкружување. Ќе се однесува како принцеза на зрно грашок.
Затоа и ова куче нема да биде најдобар пријател со децата, нема да сака да го влечат за опашката, да го задеваат или да му ја нарушуваат комоцијата. Но, затоа пак одлично друштво му се мачките. Совет за сопствениците на овие кучиња е да земат и една мачка.
Вага – гласноговорник (23.09 – 22.10)
Кучето родено во овој знак има само една намера: да ги подобри условите на куќните љубимци. Ова куче ќе почне од самото дно, но за некоја година или две, ќе се воздигне до вашата позиција во домот.
Ако го замолите ова куче за некоја услуга, ќе мора богато да го наградите или воопшто нема да има комуникација меѓу вас. Ова куче нема да сака да го сместите надвор од домот, освен ако поголем дел од своето време не го трошите заедно надвор. Може да биде смешно тврдоглав, на пример ако не сака да оди надвор на прошетка, тој ќе одбие и да се помести од своето место.
Тој е многу тактичен бидејќи ќе преоѓа преку маните на сопственикот, само за да не си ја наруши својата сигурност и комоција.
Скорпија – совршенство (23.10 – 21.11)
Голема е силата на карактерот на ова куче скриена под свиленкастото крзно на ова куче – Скорпија. Животот на ова куче има само една цел – самоусовршување до крајот на својот живот.
Ова куче ќе биде најдобар пријател, но и најголем непријател. Може да сака или да мрази со ист интензитет. Ако нешто му згрешите, никогаш нема да ви прости. Од друга страна пак, ако му направите некое добро, тоа никогаш исто така нема да ви го заборави.
Стрелец – проблематичен тип ( 22.11 – 21.12)
Кучето родено во овој знак има комплексен карактер на куче. Тој си има проблем кој што е својствен само за него: која од двете сили ќе надвладее кај него – кучешката или коњската? Многу пати ова куче нема да знае дали со опашката замавнува од среќа или за да ја избрка мувата што му досадува на сопственикот.
Тоа е неуморно куче – постојано е во движење, се брзо му здосадува и постојано е несфатен. Здравјето многу подобро ги служи отколку кучињата од другите зодијачки знаци. На кучето Стрелец сопственикот или ќе му се допадне или воопшто нема да му се допадне, а тоа зависи од самиот сопственик како личност.
Ако на ова куче не му се допадне сопственикот, тогаш тоа кон него ќе се однесува исто како и кон било кој минувач на улица – на одредена дистанца. Омилен за во друштво ќе му биде кучето Овен, без разлика на големината, полот или расата.
Јарец – алпинист на општественото скалило (22.13 – 19.01)
Кучето родено во овој знак го придвижува амбицијата и можноста да ги достигне висините. Интересот на ова куче за општествената и класна положба и неговото сочувствување ќе бидат сосема политички некоректни. Ова куче со еден поглед ќе ја процени личноста и никакви дополнителни лекции за фино однесување нема да помогнат.
Ако му се задоволат желбите и потребите за комфор и луксузирање, ова куче многу брзо ќе го прифати својот газда како лидер и ќе ја прифати улогата на најпослушен куќен љубимец.
Водолија – пријателот
Кучето водолија е одлучно да ја ископа вистината за сè и секого. Ова куче ако знае малку се чувствува како да не знае ништо. Па, поради тоа може да има големи побарувачки во својата потрага по знаење, но и да биде ужасно спор ако газдата му рече брзо да дојде од точката А до точката Б.
Темелен, бавен, доследен, кучето водолија поседува црти на тврдоглавост која лесно може да го излуди сопственикот. Ова куче често поседува одредени особини кои дури и другите кучиња ги сметаат прилично не обични.
Ова куче обожава да работи на полето забава… како изведувач во циркус или како глумечко куче во ТВ емисија , а понекогаш остава впечаток како да е повеќе сличен на луѓето отколку на останатите припадници од неговата врста. Меѓутоа неговото срце припаѓа на неговата врста и никогаш нема да биде посреќен отколку кога трча со чопорот.
Најсреќни се кога денот ќе им е слободен, затоа што сака да биде без обврски. Ќе сака домот да му е исполнет со пријатели и познаници кои нема да му замеруваат за неговиот начин на размислување. Затоа што е најсличен на човекот од сите други типови, луѓето се сигурно вистинската работа за ова куче и тој совршено ќе се сложува со газдата… ако бидеме искрени и со било кој друг!
Риби – изгубениот
Тежок спој на благ недостаток на интелегенција и длабока емотивност и краен резултат – Комплицирано куче. Непредвидлива душа која го менува мислењето од минута во минута. Ова куче нема да знае ниту каде тргнало ниту каде оди или дали можеби се враќа и како се нашло таму. Но далеку од контролата тие се мили кучиња кои сакаат да им угодат на сите.
Мелезите најзабележливи се во знакот на риба, затоа што тоа е обединувачки знак за сите квалитети од претходните знака. Да се биде куче риба значи да се биде збунет.
Ова куче ќе обожава да се шета по морската обала и да јаде морска храна. Кога не сте во можност да го шетате покрај вода наполнете му ја кадата – тој ќе биде најсреќен! Стануваат возбудени на дожд, кога ќе го слушнат тушот и нека не ве изненадува ако ви рипне во када додека се бaњате.