Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Барбара Шегетин, за време на емитувањето на реалното шоу Големиот брат велеше дека „надвор има некој што ја чека“, но дека не е сигурна дали се работи за врска или не.
Без разлика на таа нејзина изјава Ервин си остана доследен на својата љубов кон неа и не се откажа од додворувањето.
Откако заврши реалното шоу, тие продолжија да се гледа, но во друштво на останатите станари.
Сега Барбара, за прв пат објави заедничка фотографија со своето момче, на кого од сите делови на телото му се гледа само раката.
Некои, веднаш помислија дека е Ервин, како што велат поради „депилираните раце“, додека другите и посакаа среќа со кого и да е.